Радио Милева носи, како да не ги носи...

Ела Дворник се појави на гламурозен настан во екстравагантен фустан: Гол грб до задникот кој јасно се наѕира, ама погледот подлабоко не понира (ВИДЕО)

Ела Дворник се појави на гламурозен настан во екстравагантен фустан: Гол грб до задникот кој јасно се наѕира, ама погледот подлабоко не понира (ВИДЕО)

Ела Дворник, хрватската инфлуенсерка и ќерка на починатиот крал на фанкот, Динo Дворник, повторно го привлече вниманието на јавноста во својата татковина –  Хрватска, со необичниот секси стајлинг.

Таа повторно блесна на настанот наречен  „Story Hall of Fame“, кад се појави во фустан кој беше целосно затворен напред, покриваше дел од лицето, но беше отворен во задниот дел и задникот и „виреше“ таман толку, колку што е дозволено.

За разлика од минатата година, кога на истиот настан предниот дел од фустанот беше во фокусот на камерите и љубопитните погледи, Ела сега го насочи вниманието на задниот дел.

 

И овој пат таа  повторно објасни дека под фустанот сепак носи гаќички, кои овој пат ги сокрила со помош на малку поразлична тактика.

„Традицијата продолжува. Овој пат ги криеме гаќичките одзади. За овој трик ви требаат или две шпенагли, може и мали безопасни или конец и игла. Доста е брзо“ – објаснила Ела на Инстаграм, па кој сака да ја копира – нека проба!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ella Dvornik-Pearce (@elladvornik)

Фото: Инстаграм принтскрин/elladvornik

To top