Познатата инфлуенсерка и музичарка, ќерка на покојниот Дино Дворник, се разведува од британскиот претприемач Чарлс Пирс (45) со кој доби две ќерки – Балија и Луми.
Гласините за разводот започнаа минатата година, но Ела на прашањата за проблемите во бракот одговараше дипломатски и шеговито.
Меѓутоа, сега таа конечно потврди дека се е вистина.
„Да, точно е, во процес на развод сме“, потврди Ела Дворник (32) за новиот број на хрватскиот магазин „Стори“.
Парот престана да се следи и на Инстаграм, а летото го поминува одделно.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ела Дворник