Ким Кардашијан често објавува фотографии од својот дом на на Инстаграм, а неодамна дури и се најде под критики дека минимализмот во нејзиниот животен простор е премногу очигледен и дека треба да надополни со детали кои се издвојуваат и прават хармонија.
Иако некои фанови сметаа дека нејзиниот амбиент е интересен, овој минималистички стил не им се допана на многумина.
За да направи чекор подалеку, најпознатата старлета реши да им пркоси на новогодишните празници и за разлика од многумина кои се придржуваат кон традицијата на украсување на елката и доминацијата на црвената боја, таа ја украси куќата со многу необични бели предмети, кои според следбениците изгледаат фудуристички, а на некои им наликуваат на тампони.
Се чини дека Ким не размислува така, со оглед дека има потенцијал да си ги дозволи најлуксузните украси.