Радио Милева „во ќорсокак“

Екс- сопругата на Кевин Костнер се уште е незадоволна: На нејзините барања им нема крај

Екс- сопругата на Кевин Костнер се уште е незадоволна: На нејзините барања им нема крај

Судскиот процес меѓу актерот Кевин Костнер и неговата сопруга Кристин Баумгартнер никако да заврши. Откако беше донесена одлуката за алиментација која актерот мора да ја плаќа, спорот продолжува.

На ред дошло новото барање на Кристин кое ги шокирало адвокатите на Костнер. Имено, таа бара судијата да нареди Кевин да ѝ исплати 885 илјади долари поради една судска расправа. Адвокатката на славниот актер, Лара Васер, изјавила дека расправата се однесувала на ставка од предбрачниот договор односно прашањето дали е можно Кристин да се лиши од правата на издржување кои Костнер би морал да ги плаќа.

Баумгартнер изјавила дека на нејзиниот правен тим, за тоа мини-судење како што го нарекла Васер, му се потребни 885 илјади долари и бара трошоците да ги подмири познатиот актер, чија адвокатка возвратила со тврдењето дека за тие пари адвокатите би морале да работат 1106 часа.

Васер напоменала дека барањето од другата страна е неверојатно и истакнала дека судијата утврдил дека извршувањето на предбрачниот договор е можно, што значи дека Кристин е во „ќорсокак“.

Бројните барања на поранешната сопруга на Кевин се одбиени, како првичното барање за алиментација од 248 илјади долари. Таа го одбила предлогот на Костнер тој износ да биде 51 илјада долари, а подоцна таа сума се зголемила на 63 илјади долари и судот ја уважил.

Поранешниот пар беше речиси 19 години во брак и има 3 деца.

фото:Profimedia

To top