Кели Леброк ја започна својата кариера како модел на 19-годишна возраст се појави на насловната страница на престижниот моден магазин „Vogue“. Таа важеше за секс симбол од тоа време и ги красеше насловните страници на бројни списанија, но денес изгледа непрепознатливо.
Таа брзо од манекенство премина во актерство бидејќи брзо им падна во очи на продуцентите поради нејзината нереална убавина. Улогите во филмовите „Чудна наука“ и „Жена во црвено“ ширум и ги отворија вратите на Холивуд.
„Вообичаената приказна“. Бев на забава и ме виде некоја лигава старица и реши дека сум убава. Не го ни најдов патот, веќе бев во авион за Сејшели за да снимам реклама за British Airways. Татко ми брзо ми најде агент и на мое изненадување, мојата манекенска кариера веднаш тргна нагоре. Станав новото лице на модата од 70-тите“, вели Кели.
Посебно го привлече медиумското внимание со бракот со познатиот актер Стивен Сигал со кој помина девет години и имаше три деца. Откако стана мајка, кариерата ја стави на втор план и се посвети на своите деца.
Оваа љубов не траеше долго и разводот со Стивен беше крајно бурен и Кели го превзеде многу тешко. Медиумскиот притисок беше огромен и семејството претрпе многу при овој развод. Токму поради тоа Кели реши да се повлече од јавноста и помина повеќе од 24 години во медиумското подземје. Дури се шпекулираше дека Стивен ја силувал во брак, но таа никогаш не сакала јавно да зборува за тоа.
Решив да го напуштам Холивуд за да ги воспитувам моите деца подалеку од камерите и љубопитните очи“. Не сакав да ги видат или почувствуваат негативните последици од мојот развод. Така отидов на ридовите каде буквално живеев во дивина без телевизор цели 24 години. Го напуштив Лос Анџелес и ги зедов моите деца да растат со вистински луѓе, деца на работници, водоинсталатери, вистински семејни луѓе“, рече таа во интервју за „Closer Weekly“ во 2017 година.
Во меѓувреме, таа драстично го промени својот физички изглед до непрепознатливост, што е резултат на естетската хирургија. Критичарите сметаат дека таа претерала со интервенциите, а за тоа сведочат и нејзините последни фотографии.
„Кога ја носев титулата за најпосакувана жена, воопшто не бев свесна за тоа, што е иронично. Сега кога сум многу позрела и збрчкана, ако навистина имам брчки, се чувствувам поудобно во сопствената кожа. Среќна сум со себе“, заклучила Кели, пишува Нова.рс
фото:Hutchins Photo / ipa-agency.net / IPA / Profimedia/Paul Harris / Pacific coast news /Chelsea Lauren / Shutterstock Editorial/PHOTOlink / Everett