Радио Милева

„Екипа создаваме од мали нозе“: Милена Антовска на работното место имаше специјална посета (фото)

„Екипа создаваме од мали нозе“: Милена Антовска на работното место имаше специјална посета (фото)

Шармантната ТВ водителка која од понеделник до петок им посакува добро утро на гледачите на една наша национална телевизија, Милена Антовска, секогаш е добра расположена за пред камерите.

Заедно со своите колеги од пред и зад камерата професионално е подготвена за својата работа.

фото: принтскрин/инстаграм

Но, кога ќе се исклучат камерите, Антовска ужива во среќните мигови со својата ќеркичка Лана Марија и со својот сопруг Гордан.

Антовска секој слободен момент го користи за да го помине со семејство. Така, деновиве Милена имаше специјална посета во студиото на Канал 5, односно нејзината ќерка Лана Марија ја посети мама на работа.

Овој момент Милена го забележа со својот мобилен телефон, а истиот го објави во кратките приказни на социјалните мрежи со објаснување:

„Екипа создаваме од мали нозе“

фото: принтскрин/инстаграм

„На гости кај мама студио“.

фото: принтскрин/инстаграм

Веруваме дека Милена премногу се израдува на посетата на нејзината ќерка, а малата Лана уживала во друштво на мама, но и нејзнините колеги кои сигурно се радувала на посетата.

Дали ќеркичката на Милена ќе тргне по стапките по нејзината мајка, ќе покаже времето.

To top