Радио Милева модни комбинации

Едноставно некому му одговара сè, а една од тие среќници е Амал Клуни (фото)

Едноставно некому му одговара сè, а една од тие среќници е Амал Клуни (фото)

Амал Клуни, сопруга на најпосакуваниот холивудски актер Џорџ Клуни, „не промашува“ кога се во прашање модните комбинации. Може да се каже дека оваа жена е олицетворение на добри избори.

Џорџ и Амал цело лето го поминуваат на земниот рај – езерото Комо, а често се фотографирани како одат на ручек или вечера.

Овој пат папараците ја „уловија“ фаталната адвокатка пред вилата, во многу необично издание.

Светлосиниот џемпер и шорцеви во сино-зелена нијанса што потсетува на тиркизна боја делуваа неодоливо младешки.

Кафеавата капа и кафените влечки беа вистински контраст со пастелните тонови, а темнокафеавата чанта одлично се совпаѓаше со нејзината боја на коса.

Амал знае да соблече сè: кралски тоалети, летни фустани и комплети… Таа едноставно зрачи со гламур.

Фото: Принтскрин/Профимедиа/Инстаграм

To top