Белградската „скандал дама“ или „мала од скандала“ како што ја нарекуваат северните содеди, позната по своето непредвидливо однесување, постојаните провокации, јавното разголување, аферите кои ја следат…речиси низ целата кариера и приватниот живот.
Покрај сите тие „будалаштини“ деновиве одново е актуелна и кружи на социјалните мрежи една нејзина стара објава, кога Карлеуша си дозволи да го коментира карактерот на еден од најголемите светки научници и изумители и неговиот гениј, единствениот и ненадминатиот Никола Тесла.
Она што тогаш Карлеуша го напиша ја изнасмеа јавноста… Ама исмејувањето беше на нејзина сметка!
Она пак што еден следбеник на социјалните мрежи и возврати во вид на одговор на нејзиниот коментар, не само што ја изнасмеа јавноста, туку Карлеуша „ја тресна од земја“… Или поточно, „ја закопа“!
„Тој бил чудак без жена, имал и пореметување“ – кажала Јелена Карлеуша за Никола Тесла.
„Да знаел Тесла дека ти ќе пееш на струја, веројатно никогаш не би ја ни измислил“ – и возвратил следбеникот на Фејсбук.