Рада Манојловиќ поминала низ вистинска агонија кога нејзините колешки почнале да го „напаѓаат“ нејзиното момче Харис Берковиќ.
На почетокот од врската, Рада имала проблеми со пејачката која се обидува на сили да му го земе момчето.
„Поминав низ пекол на почетокот од врската. Тоа беше кога почнавме да се забавуваме. Бевме на ручек кога една многу позната пејачка почна да му праќа пораки, фотографии од долна облека и некои чудни пораки. Тој веднаш и се јави и кажа дека е во сериозна врска. Меѓутоа, по неколку дена таа продолжи по свое“ вели Рада за „Ало“ и додава:
„Не можев да верувам до каде оди женската злоба и на што е подготвена. Плачев со денови и бев на лекови, бидејќи мислев дека мојот Харис и дава повод, но навистина не е така. Ме убеди во тоа. Не сакам да откривам која личност е во прашање, ќе кажам само дека е млада и дека е многу позната, пееме ист вид на музика. Често ја менува бојата на коса, јас и посакувам се најдобро и да најде среќа во љубовта“ .
За Харис многумина зборуваат дека е коцкар и дека Рада на Харис му ги плаќа долговите.
„И за тоа слушнав, се пишуваше претходната година. Секако дека не е точно, но не можам да зборувам се додека не убедам кој тоа го пласира и на кого. Морам да бидам сигурна за да нападнам некој“ вели Манојловиќ.