Младата пејачка која е дел од групата „Министерки“, Едита Арадиновиќ и сегашна учесничка во шоуто ТЗЛП, во интервју за српски Курир, ја откри болната вистина за нејзиниот починат брат и мајка си која боледува од рак.
Во ТЛЗП Едита во многу улоги се покажа маестрално, а иако секогаш е насмеана, вели дека зад тоа лице се крие голема тага. Едита и нејзината сестра Индира Арадиновиќ – Инди го изгубиле брата си пред речиси 13 години.
Семир, како што се викал нивниот брат, боледувал од Даунов синдро, а Едита имала 11 години кога тој починал.
„Да не грешам колку што грешам, никогаш не би била ова што сум денеска. Брат и сестра, спомени“, напишала Едита покрај фотографијата од 2005 година која ја објави во јавност.
„Брат ми беше постар од мене две години. Не умееше да оди, јаде, ниту знаеше дека постои. Беше како билка. Се грижевме за него најдобро што можевме и го сакавме. Некогаш беше позитивен, некогаш тежок, насилен и брз од незнаење. Бараше внимание наместо да ги препознае мама, тато, дада и мене. Тоа беа најтешките години, но тоа е нешто што е мое. За него бев подготвена да убијам“, раскажа Индира во една пригода.