Познато е дека Цеца Ражнатовиќ е најпознатата пејачка дива и дека на повеќето им е пример. Она што е сигурно е фактот дека таа и понатаму е убава и строго се грижи за својот физички изглед. Редовната нега и вежби направија фолкерката да изгледа младешки, а сето тоа благодарение на стручњаците на кои им е верна со години.
Неприкосновена убавица е и нејзината сестра Лидија Оцокољиќ, која за разлика од Цеца негува малку поинаков имиџ – русокоса е и води нешто потивок и мирен живот. Освен семејството, со кое Цеца соработува перфектно, има и колеги кои многу ја ценат и почитуваат нејзината работа, но се чини дека некои колеги тоа го прават и премногу.
Познатата фолкерка Јана, за која многумина велат дека е голема колешка и пријателка, пред неколку дена објави фотографија на која нереално потсетува на Ражнатовиќ. Црната коса, шминка и усни ја истакнаа убавината по која Цеца е позната со години, а поради оваа сличност многумина се пошегуваа и велеа дека Јана е сестрата која Цеца долго време ја криела од јавноста.
Сличноста е неверојатна, ќе се согласите, но засега единствената сестра и најголемата љубов и поддршка на Цеца е споменатата Лидија.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/janavip/Цеца Ражнатовиќ