Пејачот Маринко Рокви по тешко боледување почина на 68 години.
Тој зад себе остави многубројни хитови кои ќе се пејат со децении.
„Сваѓалице моја мала“ е една од песните која настанала во текот на 80тите, а и денес е популарна и слушана меѓу публиката.
Српскиот портал Телеграф.рс ја откри приказната за тоа како настанал овој хит на Маринко.
Воодушевена од маестралните вокални способности на Маринко, текстописецот Радмила Тодоровиќ – Бабиќ напишала три песни кои ја одбележале неговата кариера
„Потражичу очи нешто зеленије“; „Сваџалица“ и „Замириши на бразду“.
По соработката со Жарко Павловиќ, на Роквиќ му требало песни со широк дух и впечатливи пораки. Радмила ги исполнувала тие услови.
Во „малата соба три на три“ на булеварот Револуција во Белград, каде што живеела со сестрата Микица, Радмила организирала дружба со музика и специјалитети. Еден од гостите бил и Маринко Роквиќ.
Расположената музичка дружина често знаела да се собере во гарсоњерата и тоа со топол бурек купен во четири наутро во блиската пекара.
За време на една таква дружба, изморени од непреспиените ноќи, двајца хармоникаши и композитори кои во тој период жарале и палеле на естрада – Драган Александриќ и Миша Мијатовиќ, започнале да се расправаат за тој кој ќе оди по бурек.
– Што сте бре кавгаџии? – ги прекинала Радмила и напоменала дека сите би требало да одат во пекара.
Кога тоа го изговорила таа сфатила дека „кавгкаџика“ може да се го спакува во една песна.
-Не одиме никаде, имам идеја. Ти, Маринко ќе пееш за кавгаџика. Сега ќе ти направам песна, а ти Мишо веднаш да ја земаш хармониката во раце. После тоа ќе јадеме….
Роквиќ со „Сваџалича“ забележа огромен успех, а во 1985 година на познатиот „Поселу 202“ оваа песна беше прогласена за песна на годината.
фото: Инстаграм/маринко роквиќ/ марина лопачич/а. нелбентјан/ никола томиќ