Mакедонскиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Филип Божиновски уште од самото појавување на музичката сцена ја освои публиката.
Иако важеше за еден од фаворитите и влезе во финалето, тој не успеа да победи. По неговото излегување од музичкото шоу тој сними песна и неколку кавери.
Освен на професионален план, на Филип годинава му тргна и на приватен план. Во март тој ја побара својата долгогодишна девојка Сања за сопруга.
Месецов парот е полн со работа околку крајните подготовки за свадбата која е закажана за 30-ти септември.
Во една прилика Филип истакна дека најосновните работи се завршени, но дека има уште многу обврски.
Деновиве, македонскиот пејач еден месец пред свадбата имаше повод за славење, односно го прослави својот роденден.
На својот Фејсбук, Божиновски објави фотографија, а во описот напиша: Ви благодарам на сите на честитките.
Во коментарите се нижеа честитки и убави желби за славеникот.
Еве како изгледа идната сопруга на Филип со која ќе заплива во брачните води на крајот од идниот месец.
фото: Фејсбук