Радио Милева речено или „печено“?

Ѕвездите на „Гранд“ – Милан и Динча си ги замениле девојките, од кои едната сега му е сопруга на еден од нив (ФОТО)

Ѕвездите на „Гранд“ – Милан и Динча си ги замениле девојките, од кои едната сега му е сопруга на еден од нив (ФОТО)

Фолк пејачот и некогашна „Ѕвезда на Гранд“ Милан Митровиќ, своевремено беше и водител на ова натпреварување во кое ја започна својата пејачка кариера, а негова партнерка на сцената му беше бившата сопруга на Дарко Лазиќ, колешката  Ана Севиќ.

Сега, Милан повеќе не се занимава со водителство, а покрај пеењето, тој се посвети и на одгледување зеленчук. Тој засадува домати и млад кромид во градината, а неговата сопруга Бојана неодамна се пофали со тоа.
Милан се ожени со својата атрактивна и привлечна партнерка, нишлијката Бојана во 2015 година и со неа доби ќерка на која и дадоа необично име – Зара.

Но, она што е интересно е тоа што Бојана, пред да го запознае Милан, за малку ќе станела девојка на неговиот имењак и колега од „Гранд“, пејачот  Милан Динчиќ – Динча.

„Бевме на заедничка ‘Гранд’ турнеја во Црна Гора и една вечер по настапот излеговме со мојот колега и пријател Динча. Таа работеше во клубот како менаџерка,а  ние токму тука се затекнавме.
Динча веднаш и се „намерачи“ на моја Бојана, а  јас на нејзината пријателка и така излеговме заедно четворицата во парови неколку пати… Но потоа сфативме дека треба да се ‘прераспоредиме’ поинаку“  – изјави Милан за српските медиуми пред некое време.

Така ѕвездите на „Гранд“ – Милан и Динча си ги замениле девојките, од кои едната сега му е сопруга на едниот од нив!

To top