Како што пишуваат српските медиуми, Ѓорѓе Давид наводно и се пуштал на Мирјана Поповиќ, учесника во „Ѕвездите на Гранд“ која за музичкото натпреварување се пријавила преку онлајн конкурс, но не поминала понатаму во натпреварувањето.
Мирјана до српските медиуми доставила преписка со познатиот рокер.
-Убаво да спиеш, те бакнувам, биди добра, продолжуваме да пишуваме, океј, немој да се нервираш, кул, наводно рекол пејачот во говорната порака.
Наводно, музичарот и испратил фотографија на која седи на кревет прекриен само со пешкир.
-Зошто ова ми го праќаш?, праша таа.
-Прати ми ти нешто?, и пишал Ѓорѓе Давид.
-Па не сум ретард да ти праќам, му вратила учесничката.
Ѓорѓе Давид и пратил фотографија на која се „пучи“ и кажал дека тоа е бакнеж за неа, поради што таа бурно реагирала.
-Бегај бе, како не ти е срам? Може дедо да ми бидеш. Мене ме фасцинирана колку си малоумен. Прво ми нудиш часови за 250 евра. Ако веќе давам пари за часови, ќе одам кај некој кој навистина ќе ме научи, ти немаш појма. Тебе ти се потребни часови. Срамота.
Ѓорѓе не го очекувал овој одговор.
-Внимавај како зборуваш со мене, наводно и се заканил Поповиќ.
-Тој со мене комуницираше преку Инстаграм. Разговараме за натпреварувањето, музиката, ми го даде неговиот број. Го прашав за часови за пеење. Ми праќаше фотографии, се снимаше каде се наоѓа и што прави. Не ме интеренсираше. Инсистираше да му праќам свои, но јас одбив. Постојано ми праќаше фотографии, непристојни понуди, видео снимки и гласовни пораки. Не ми беше јасно што сака? Бурно реагирав, порача таа.
Ѓорѓе Давид се огласи по овој повод и истакна дека не е вистина.
-Толку намонтирани глупости со цел да ми се наштети од некоја непозната причина, нема да коментирам, ќе се видиме на суд, порача тој за курир.рс
фото: инстаграм/djordje_david