Пејачката Тамара Милутиновиќ го прослави својот 28-ми роденден и по тој повод собра бројни колеги од естрадата.
Меѓу присутните на роденденската „корона журка“ беа Дарко Лазиќ, Александра Младеновиќ, Љуба Перучица, Драгица Златиќ и многу други кои цело време пееја, танцуваа и се веселеа правејќи ја атмосверата максимално вжештена.
Тие од нивното забавување споделија видеа и фотографии на Инстаграм.
Во еден момент, кога журката ја достигна својата кулминација, машкиот дел од „Ѕвездите на Гранд“ се соблече и остана само гаќи, па скокнаа во отворениот базен.
Љуба Перушица потоа ја сними и Тамара како скока во базенот со нејзините пријатели, иако надвор температурата беше едвај нешто над 5 степени целзиусови.
„Влажна коса на 6 степени? Браво за дамата“ – напиша тој во приказните на својот Инстаграм профил објавувајќи ги фотографиите и видеоклипчето.
Фото: Инстаграм принтскрин/tamaramilutinovic