Каде има добра забава, таму е и нашата најпозната ТВ водителка Лила Филиповска.
Изминатиот викенд таа реши малку да опушти душа во кафеана и тоа на настап на фолк легендата Наум Петрески.
Кога Лила е гостинка и тоа врвно расположена, тогаш целиот фокус е на неа, а музичарите и го направија кефот да и ја отсвират омилената „Лична Јовано“.
Грлото ненапеано од душа и пееше на Лила, додека таа играше до виолинистот кој свиреше пред нејзината маса.
-Кога пее најдобриот, па уште кога ќе ти ја отпее омилената песна, а и овој виртуоз на виолина прави додатен штимунг … фала момци, пишува Лила во описот на снимката која ја објави на својот Инстаграм профил.
Расположението беше на ниво, Наум пееше од срце, а и како да не кога има ваква секси и позната гостинка, тогаш желбите мора да и бидат исполнети, а резултатот- момент за паметење!