Актерката Џулија Робертс пред шест години остана без својата полусестра Ненси Моутс која се потопи во када откако се предозирала со лекови. Шест години подоцна, свршеникот на полусестрата на Џулија ја обвинува актерката за нејзината смрт.
Како што пишуваат странските медиуми, Џулија во 2014 година во интервју за „WSJ“ изјави дека семејството тешко ја поднесува веста за смртта на нејзината полусестра.
„Ова го крши срцето. Смртта се случи пред 20 дена и не постојат зборови со кои може да ви опишеме низ што поминавме тие денови“.
Сега се откриени нови детали кои не се познати за јавноста. Како што се наведува, Џулија не била во добро односи со нејзината полусестра Ненси и не присуствувала на нејзиниот погреб.
Неколку пред самата драма, Ненси во интервју за „Дејли мејли“ исткна дека меѓу неа и актерката постојат негативни емоции.
„Кога одев во средно училиште, ми кажа дека сум дебела. Тоа не го кажа на убав начин“ изјави Ненси.
Ненси која ја испланира својата смрт остави прошатално писмо во кое немаше убави зборови за Џулија и Ерика Робертс.
„Мојот брат и сестра не направија ништо освен што ме доведоа во депресија“.
Свршеникот на Ненси, Џон Дилбек и по шест години ја зборува истата приказна односно ја обвинува Џулија за смртта на Ненси.
„Денес е мојот роденден, тешко ми е што не можам да го прославам со мојата љубов“ напиша Џон на Твитер и изнесе обвинувања против Робертс:
„Биди искрена Џулија и признај дека си злосторничка. Не си ништо друго освен безчувствителна злостарничка. Се уште те кривам за смртта на Ненси“.