Во Лондон се одржа судењето на кое присуствуваа поранешните сопружници Џони Деп и манекенката Амбер Херд.
Џони го тужеше весникот „The Sun“ и компанијата „News Group Newspapers“, а станува збор за колумна од 2018 година во која актерот го нарекуваат насилник на жени.
Деп ги негираше написите дека ја напаѓал поранешната сопруга, но адвокатите на групацијата „NGN“ тврдат дека нивниот текст е точен. Во писмената изјава, 57-годишниот актер се потсетил на инцидентот во 2016 година, кога Амбер или „можеби една од нејзините пријатели“ наводно се „испразнил“ на неговиот кревет.
Актерот истакнал дека знаел дека неговиот брак со Амбер Херд е завршен кога нашол фекалии од неа во брачниот кревет. Тој исто така рекол дека речиси ќе останел без прст, кога Амбер го гаѓала со две шишиња вотка.
Џони бил и првиот сведок на судењето, а бил испрашуван и за конзумирањето на алкохол и дрога. Тој признал дека користел наркотици во млади години кога бил несигурен.
Џони признал дека и давал марихуана на својата ќерка кога имала 13 години тврдејќи дека тоа е „одговорно родителство“.
Исто така, адвокатите доставиле докази дека самиот Деп го нарекол своето пијан алтер его „чудовиште“, а актерот посочил дека Елтон Џон е еден од клучните луѓе кои му помогнале да се ослободи од алкохолот.