Странските медиуми објавија детели во врска со приватноста на еден од најпопуларните холивудски актери-Џони Деп.
Во тек е судската парница со неговата оранешна сопруга Анбер Херд, а токму оттука се појавија низа детали поврзани со приватниоста на актерост, особено оние од неговото детство.
Имено, тој ја тужел за клевета Херд откако во 2018 година таа напишала и објавила колумна во која тврдела дека е жртва на семејно и сексуално насилство и тоа поради тоа од неа бара 100 милиони долари.
Адвокатскиoт тим на актерот вели дека текстот лажно бил имплициран и дека Деп не ја злоупотребувал физички додека тие биле во брак, како и тоа дека нејзините обвиненија ја отежнале неговата кариера во Холивуд.
View this post on Instagram
Од друга страна, актерот истакнал дека Амбер е таа која е насилна, а една од оние кои сведочела во негова корист била сестра му Кристи.
Нејзе судијата ја прашал за неговото растење, како и дали биле изложени на насилство во текот на детството.
Како што Кристи раскажала, нивниот татко бил мирен човек, полн со љубов и разбирање, додека пак мајка им била поразлична.
„Нашата мајка беше анксиозна, лута и насилна. Родителите ни беа целосно спротивни“, изјавила Кристи. .
На прашањето дали Амбер некогаш била груба кон Деп, изјавила дека една реченица секогаш ќе ја памети.
Имено, во една прилика Деп го повикале од „Dior“ за нив да организира снимање, а реакцијата на Амбер била: „Зошто некој би снимал со тебе? Особено „Dior“? Тие се класика, стил, а ти немаш поим за модата“, изјавила Кристи и додала дека изјавила дека Џони е стар.
Сестрата на Деп потоа раскажала детали за нивното детство и открила дека нивната мајка, татко им секогаш го нарекувала со погрдни имиња, викала и го удирала, но дека тој никогаш не се бранел и не возвратил на тоа.
Бети Су Палмер и Џон Кристофер Деп се развеле кога актерот имал 15 години, а неговата сестра 18. Како што вели, потоа нивната куќа станала „куќа на духови“, а актерот поради траумите консумирал наркотици.
Мајка им освен татко им ги навредувала и нив, па така Џони често го нарекувала едноок затоа што докторите му откриле амблиопија, па голем дел од детството носел превез на окото.
На прашањето како Џони реагирал, сестра му одговорила дека едноставно бил навикнат на таков третман, но и дека често плачел и бил повлечен во себе.
фото:инстаграм/getty images