Радио Милева

Ѕирнете во домашното катче со стил на Елена Стефановска уредено само за уживање (фото)

Ѕирнете во домашното катче со стил на Елена Стефановска уредено само за уживање (фото)

Дури и во време на карантин, воредна состојба, полициски час, за водителката Елена Стефановска тоа не е причина поради која треба да трпи животниот стил.

Додека повеќето поголемиот дел од денот го поминуваат во пижами или пак некоја кежуал спортска облека за по дома, кај Елена тоа не е случај. Таа знае да си го направи денот поубав и да си ја напилни душата со позитивна енергија и додека ужива дома, каде знае и да биде дотерана од глава до пети.

фото:елена стефановска/инстаграм

Седната во нејзиното стилско катче од домот кое го пофалија и нејзините следбеници во коментарите кои ги оставија за фотографиите што таа ги објави на својот Инстаграм.

„Уживај во секој момент од денот” – стави Елена како дополнение за фотографите.

фото:елена стефановска/инстаграм

Но, стилот на живот дури и во ова време невреме, таа се труди да не трпи и да го храни својот дух со убавините на природата, особено на нашето прекрасно Маврово.

фото:елена стефановска/инстаграм

-Животот краде, езерото и планината враќаат енергија. Маврово никогаш не било поубаво, а јас максимално го користам времето за чист воздух, сонце, природни убавини.. до полицискиот час, гласи описот на објавата каде Елена позира на Маврово, доволна мотивиација за следбениците и сите оние кои претпочитаат барем приближно да живеат како пред пандемијата, секако со заштитните мерки пред се.

To top