Некои љубовни приказни почнуваат од рана младост или детство и траат засекогаш…
Таквите случаи се ретки, посебно меѓу луѓето кои се заниваат со јавна работа, поради специфичноста на професијата, но сепак годините и времето не можат да и наштетат на вистинската љубов, туку само да ја зацврстат и прераснат во почит и лојалност.
Својата сопруга Џибони ја запознал во детството, на своја 10 годишна возраст, а по повеќе наврати раскажа како нивната љубов започнала на неговата улица, најпрвин биле само пријатели.
Сепак, пријателството прераснало во љубов, а подоцна и во брак.
View this post on Instagram
Познатиот хрватски пејач сопругата Сања ја чува љубоморно од очите на јавноста, но се знае дека таа му е најголема поддршка и дека нејзе и ги посветил најубавите стихови и песни во кариерата. Тие се во брак повеќе од 30 години, а имаат и три возрасни деца.
-Создадовме однос кој се темели на љубов и доверба. Се што имеме ни се случи од долгото познанство и никогаш сме немале потреба да се лажеме еден со друг, ниту да глумиме, изјави Џибони своевремено за српскиот магазин „Стори“.