Тие се новите ѕвезди, новите идоли на најмладата генерација… Пејат иако не се пејачи, ги забавуват младите иако не се ниту класични забавувачи… Едноставно се’ започнува од нивните филмчиња постирани на Јутјуб, преку кои Марко Марковиќ – Џи Пи и Стефан Рашковиќ – Стефонатор, стануваат најпознатите и најпопуларни македонски јутјубери, кои со своите откачени идеи и креативни, едукативни, забавни, смешни… видеа ја излудеа тинејџерската популација.
Стигнаа да ја напишат и објават и сопствената автобиографија, а за промоцијата на нивната автобиографска книга „Нашиот пат“ во МКЦ се чекаше со часови, истата да се добие со нивен потпис.
Оттогаш наваму, каде и да се појават настанува еуфорија… Младите во турканици за да дојдат до нив, да се поздрават, да ги допрат, да земат автограм, да направат селфи со своите идоли…
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/euforija-nezapametena-ushte-od-vremeto-na-toshe-koi-se-marko-markovikj-dzi-pi-i-stefan-rashkovikj-stefonator-novite-makedonski-tinejdzerski-idoli-video/
Однеодамна „Џи-Пи“ и „Стефонатор“ влегоа и во музичките води. Секој сам – посебно, а од скоро и заедно, под закрилата на Марко Маринковиќ – Слаткаристика и неговата продукциска куќа „Иноватива“.
Заедничката песна која пред некој ден заедно со останатите неколку ја промовираа на својот настап во „Централ парк“ клубот во Скопје носи наслов „Baby Next Time“, чиј автор на музиката и текстот разбирливо е Слаткаристика.
Аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Иванов – Ивајо, а за песната направено е и интересно видео во кое двајцата најдобри другари се борат за иста девојка, која во спотот ја игра младата убавица Ажда Агуш.
Но, на крајот дали љубовта или другарството ќе победи…? Ќе видите што ќе се случи откако ќе го погледнете видеото кое го снимил Крсте Шупев, а го уредил и режирал самиот Џи-Пи.
Слушнете како звучи нивната заедничка песна „Baby Next Time“ и погледнете ја приказната во видеото за истата.