Радио Милева По свои правила

Џенифер Лопез не сакала да ја дели сцената со Шакира, а ова е причината… (видео)

Џенифер Лопез не сакала да ја дели сцената со Шакира, а ова е причината… (видео)

Долго најавуваниот документарен филм „Halftime“ за животот на Џенифер Лопез откри неколку нови детали поврзани со нејзината кариера кои не ги знаеле ниту нејзините најголеми обожаватели.

На фестивалот „Трибека“ во средата вечерта публиката за прв пат можеше да види како е да се биде „Џени од блокот“, како и нејзините подготовки за настапи.

Џенифер се појави рака под рака со својот свршеник, акерот Бен Афлек и прошета во провокативен фустан за да ги истакне атрибутите. Сепак, и покрај грандиозниот изглед, не на сите им се допадна она што можеа да го видат на премиерата.

Еден од најинтересните моменти во филмот беа подготовките за Суперболот во 2020 година, кога настапи со нејзината латино колешка Шакира. Имено, во сцената на која се гледа како се подготвува за настапот со нејзиниот музички директор Ким Бурса, Лопез изјави дека „најлошата идеја на светот е двајца изведувачи да ја делат главната улога на полувремето од шоуто“, пренесува Ентертејнмент Викли.

Да потсетиме, Шакира и Џенифер имаа спектакуларен настап на Суперболот. Вечерта остана запаметена како една од најдобрите досега, а нивниот настап долго се прераскажуваше.

„Имаме шест минути“, изјави Лопез во филмот, истакнувајќи дека има многу малку време да отпее добар дел од која било песна, иако имала некои хитови кои морала да ги вклучи во изведбата. „Мораме да ги имаме нашите пејачки моменти. Тоа нема да биде танцово шоу. Треба да ја испееме нашата порака, рече таа.

Во претходните сцени од филмот, Лопез и Шакира се прикажани во раните фази на планирањето на нивниот настап. Лопез изјави дека некои организатори во НФЛ, кои таа не сакаше да ги именува, рекле дека ќе имаат околу 12 минути за секого, но веројатно времетраењето на настапот може да се продолжи за минута или две.

фото:Танјуг/АП

To top