Пред само неколку дена здружението на американските модни дизајнери ја прогласија пејачката и актерка Џенифер Лопез за модна икона на годината.
Сепак, Џенифер очигледно сакаше да биде малку повеќе од комотна во она што го има на себе. Па така, веројатно во облеката која ја носеше по дома излезе да се прошета низ улиците на Њујорк.
Ни помалку ни повеќе, таа на себе имаше баде мантил и веќе демоде чизмите UGG, кои одамна се „аут“. Минувачите изненадено ја гледале, а очигледно на Џеј Ло тоа не и пречело.
Но, бидејќи нели на славните им е дозволено се’, така што америкснскиот моден совет веројатно ќе и прогледа низ прсти за овој моден пропуст.