Латино дивата Џенифер Лопез има 50 години, но нејзините помлади колешки и останатите жени и завидуваат на нејзиниот изглед.
Лопез редовно оди во теретана, особено откако е во врска со свршеникот Алекс Родригез, пензиониран бејзбол играч, со кого започна уште повеќе да се грижи за соодветната исхрана и редовно да тренира.
Свесна за својот изглед, пејачката неретко сака да го покаже своето тело, но прославата на 12-тиот роденден на ќерката на Алекс од првиот брак, Ема, не беше баш згодна прилика, особено не и додека нејзината мајка беше меѓу гостите.
Поточно, во еден момент на Џеј Ло и станало многу жешко, па решила да ја соблече својата бела ролка и да остане само во проѕирен беж градник од тантела.
Потоа, таа малку почна и да си го поднаместува, со што приреди вистински мини стриптиз спектакл, „празник за очи“ за собраните гости на детскиот роденден.