Радио Милева

Џенифер Анистон повоторно „бомбардира“ на Инстаграм: За една фотографија доби 6 милиони лајкови за 6 часа (фото)

Џенифер Анистон повоторно „бомбардира“ на Инстаграм: За една фотографија доби 6 милиони лајкови за 6 часа (фото)

Џенифер Анистон објави фотографии со Кортни Кокс и Лиза Кудроу, колешките од легендарната серија „Пријатели“.

„Поздрав од девојките од другата страна на ходникот“, напиша Џенифер за фотографијата на која повторно се собраа: Рејчел, Моника и Фиби.

За само седум часа од објавувањето, фотографијата собра повеќе од шест милиони лајкови.

фото:џенифер анистон/инстаграм

„Сестри“, „Прекрасно е да ве гледаме заедно“, „Потребна ни е оваа содржина“, „Совршена фотографија“, беа само некои од коментарите на фановите.

Патем, неодамна творците на „Пријатели“ открија и зошто во осма сезона Рејчел и Џои завршија заедно, нешто што многу фанови се бунеа во тоа време.

фото:џенифер анистон/инстаграм

„Знаев дека е контроверзна таа работа помеѓу Џои и Рејчел. Ми се допадна тоа затоа што не беше во ред и знаевме дека влегувањето во тоа е погрешно. Тоа се случува во животот“, рече креаторот на серијалот, Дејвид Крејн.

To top