Радио Милева

Џенифер Анистон не се дружи со луѓето кои не се вакцинирани: „Со причина се ослободив од некои пријатели“

Џенифер Анистон не се дружи со луѓето кои не се вакцинирани: „Со причина се ослободив од некои пријатели“

Џенифер Анистон во ново интервју за „InStyle “, признава дека ги прекинала односите со неколку луѓе од нејзиното опкружување поради нивниот став околу Ковид 19 и вакцините.

– Само што изгубив неколку луѓе во мојата неделна рутина, кои одбиле или не откриваат (дали се вакцинирани или не), и тоа беше жално… Сметам дека е ваша морална и професионална обврска да кажете, бидејќи не се тестираме сите секој ден. Незгодно е затоа што секој има право на свое мислење – но многу мислења не се засноваат на ништо, освен страв или пропаганда, вели Анистон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

„Затоа со причина се ослободив од неколку пријатели“, додава Џенифер.

Инаку, од самиот почеток на пандемијата, Џенифер се залагаше за држење на дистанца и носење на маски.

фото: EPA/Andrew Cowie

To top