Радио Милева

Џенифер Анистон и ја „украде“ улогата: Оваа актерка требаше да глуми во „Пријатели“

Џенифер Анистон и ја „украде“ улогата: Оваа актерка требаше да глуми во „Пријатели“

Многумина ја гледале серијата „Пријатели“, но можеби никој не го знае овој детаљ.

Во најпопуалрната серија „Пријатели“ многумина се борија за улогата на Рејчел Грин. Меѓутоа, оваа улога ја освои Џенифер Анистон која и ги отвори вратите кон успешна кариера.

Актерката Тифани Тисен која е позната по серијата „Беверли Хилс“ исто така конкурирала за оваа улога.

„Бев на аудицијата за „Пријатели“ за улогата Рејчел. Бев премлада во однос на другите актерки, па затоа не успеа“, изјави Тифани која тогаш имала само 20 години, а Џенифер била пет години постара.

To top