Неуморниот македонски музичар Џељо Дестановски сними видеоспот за неговото ново оро „Малеш”. Музиката која го отсликува самиот Џељо и неговиот весел темперамент е работено во студиото “ГМ” на Горан Мирковски, а аранжманот го направи неговиот колега Дарко Илиевски. Тој заедно со Златко Димитријоски се воедно и специјални гости во видеозаписот кој е снимен на сцената на “МОБ” од страна на видеопродукцијата „Арт Студио”.
За разиграноста на мелосот низ целата композиција, Џељо Дестановски одбрал да ги вметне двата негови омилени инструменти – зурлата и кавалот.Тие заедно со сите останати звуци од инструментите на неговите пријатели – музичари во целост ја исполнуваат целата ширина на сцената и секако, сите сетила на слушателот.
Новото оро “Малеш” на Џељо Дестановски, можете га слушнете и погледнете неговата визуелизација во продолжение: