Победничката од музичкиот натпревар „Неки нови клинци“, Џејла Рамовиќ, ова година е меѓу главните фаворити за победа во „Ѕвездите на Гранд“.
Во новото издание на српскиот ТВ магазин „Бекстејџ“, Џејла проговори за тоа дека воопшто не се надевала за влез во финалето, како и тоа дека постојано има трема на сцената.
Меѓу другото, таа откри дека наместо Марија Шерифовиќ би ги избрала Босанац или Јелена Карлуша, но повеќе Босанац.
-Сметам дека Босанац може да работи со секого, неважно кој жанр кандидатот го пее. Мислам дека би се вклопиле бидејќи јас сакам да научам, а од него може многу да се научи бидејќи е образован за ова што ние го работиме, вели Џејла.
Инаку, во последното издание на „Гранд Специјал“, Марија Шерифовиќ откри дека и е тешко да работи со Џејла бидејќи публиката сама поставила критериуми таа да биде безгрешна и секогаш соврешена во изведбата.