Пејачката Џејла Рамовиќ на 16 години победи на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, каде нејзин ментор беше Марија Шерифовиќ.
Многумина и предвидуваа светла и успешна кариера, но таа сепак реши да му даде приоритет на образованието.
Рамовиќ кога за прв пат се појави во споменатото натпреварување беше претежно во закопчани од глава до петици комбинации на облека, но се чини дека со текот на годините го промени стилот и многумина не можеа да се изненадат како од скромна девојка се претвори во вамп дама.
Имено, Џејла на својот Инстаграм сподели фотографија од патувањето и ги воодушеви сите со својот стајлинг и изглед. Таа моментално е во Милано, метрополата на модата, а судејќи по нејзините стајлинзи и комбинации на облека, можеме да заклучиме дека долгоногата убавица и тоа како ги следи трендовите, ама за разлика од порано, сега не заборава да го истакне и својот неодолив сексапил.
Во мини фустанче, на високи потпетици Џејла ги истакна своите долги и витки нозе, а вистинска реткост е да ги покаже нејзините разголени бутини… призор кој ги собра сите машки погледи, на младата убавица, која прошета по плочникот на европската метропола на модата, како по модна писта!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/dzejlaramovic