Џеј Ло никогаш не престанува да воодушевува со својата прекрасна фигура и начинот на кој изгледа и на 51 година! Таа во интервјуата повеќе пати споделувала што прави зза да ја одржува оваа форма со години и често објавува фотографии од теретана, каде очигледно обилно се поти.
Покрај тренингот, таа практикува свои диети. Накусо, можеме само да му се восхитуваме на нејзиниот непрекинат ентузијазам и самоодрекување!
Зашто, за да изгледа толку секси, Џеј Ло целосно се откажа од алкохол, кафе и се’ што содржи кофеин, цигари, слатки и генерално прескокнува оброци како вечерата, на пример. Очигледно дека латиноубавицата за да изгледа вака секси, мора да им одолее на многу искушенија… Но, дали баш на сите? Или можеби недостатокот на едно, го компензира токму со нешто друго? Што тоа? Веројатно мислиме на истото!