Популарнта Џенифер Лопез на својот избраник реши да му го честита роденденот на необичен начин, а она што го направи воодушеви многумина. Џеј Ло пред три дена го прослави 50-от роденден, а денес слави нејзиниот 6 години помлад свршеник.
Имено, тој и купи црвено „Порше“ и приреди огномет и соврешени моменти се до утрото, додека таа му врати така што го прекина својот концерт во Мајами и му приреди изненадување.
Ги изнесе своите деца на сцената, поставена беше и торта со дресот на Алекс кој го носеше додека играше бејзбол и беше број 13, па тогаш Џеј Ло почна да ја пее славеничката песна.
View this post on Instagram
Разменија бакнежи, а веруваме дека ова беше само мал дел од славењето и уште еден прекрасен ден на заљубените.
-Денес и секој ден те славам тебе, љубов моја. Ти си посебен, мој ураган и мој мир среде бура… Ти благодарам што си боженствено светло во мојот живот… Ти посакувам најсреќен роденден! Среќен роденден, 13!, му честиташе пејачката и актерка и на Инстаграм.