На втората вечер од музичкиот фестивал „Недела на музиката“, една од изведувачите беше пејачката Теодора Џехверовиќ, која пред својот настап даваше изјави за насобраните медиуми, но дефинитивно во преден план беше нејзиниот стајлинг.
Имено, популарната Џехви, како што ја нарекува нејзината публика, се појави во вселенски костим, кој во најмала рака ги остави без зборови сите присутни. Теодора за својот настап носеше сино-бел костум и киборг очила, додека на грбот имаше „крилја“ во форма на дрон.
На прашањето од каде е инспирацијата за ваков костим, пејачката откри дека секогаш мисли на нови идеи, за да и понуди на својата публика најдобрата верзија од себе.
Толку ми е драго што буквално сите што ме видоа беа „Леле, што е ова?!“ Многу е тешко за некој како мене кој е само неколку години на јавната сцена, навистина се трудам во секој проект да дадам нешто ново од себе, па по тоа се водам. „Што има ново што можам да дадам од себе, а и ново за сите нас“, затоа што не можеме да измислиме топла вода, тоа е факт, така мислев и реков „сајбер“ – така се гледам себе си таква пораката сакам да испратам и мислам дека направивме брутална работа. Нино се уште не ме видел, мислам дека и тој ќе биде во стилот: „Браво малечка“, истакнува Теодора.
View this post on Instagram
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Теодора Џехверовиќ