Познатиот македонски музичар, трубачот Џамбо Агушев деновиве стана татко по четврти пат.
Џамбо кој својот приватен живот го чува далеку од очите на јавноста, овој пат на својот профил на Фејсбук сите ги изненади соопштувајќи ја преубавата вест.
Тој објави неколку фотографии од породилиштето во кое неговата сопруга Асена на свет го донела нивното четврто чедо, а јавноста беше изненадена, особено затоа што музичарот веќе има три деца: ќерката Севги, синот Мерт и ќеркичката Мелинам што ја добија во 2020 година.
Џамбо покрај фотографиите на кои се гледаат сопругата и бебенцето, соопшти и дека во прашање е ќеркичка и дека веќе решиле таа да се вика Алина, споделувајќи и една слика на која се гледа малото стапало на неговата тукушто родена принцеза.
Инаку неговата сопруга Асена по националност е Турчинка која пред да го сретне Џамбо живеела со нејзините родители во Германија.
Тие се запознале за време на еден настап на Агушеви во Германија, а набргу потоа се родила голема љубов која се уште трае.
„Додека свирев ја видов во првиот ред, убава, русокоса, и додека таа танцуваше јас попчнав да и намигнувам. По концертот се сретнавме и побарав телефонски број и… така тргна се“ – раскажа „кралот на трубата“ во една прилика за тоа како се запознале со неговата сопруга.
Нека им е со среќа приновата во семејството на Агушеви.
Фото: Фејсбук принтскрин/ Џамбо Агушев