Актуелниот претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија, Перо Антиќ, вчеравечер 29-ти јуни го прослави својот 38-ми роденден.
Додека беше во брак, тој и неговата поранешна сопруга Ружица, го славеа роденденот заедно, бидејќи се родени на ист ден, но овој пат Перо славеше со најблиските и пријателите во еден скопски бар.
На славеникот на увце му свиреше Џамбо со Агушеви, имаше голема торта со бројот 12 на неа, секако тоа не беа годините, туку бројот на дресот од црвено-белите.
Перо дуваше свеќи, се веселеше и го славеше животот!
На забавата беа и Тамара Тодевска и нејзиниот сопруг Александар, па токму пејачката беше онаа која ја сними атмосферата на роденденот и на објави на своите „стори“ на Инстаграм.
Еве како беше: