Даница Максимовиќ (68) отсекогаш важела за една од најубавите актерки, која и сега, во седмата деценија од животот, изгледа многу помладо. Нејзиниот изглед секојдневно добива пофалби, а актерката сега го открива рецептот за „вечната младост“.
„Таква е мојата природа, весел дух, борбен дух! Никогаш н се откажувам, па не е ни чудо што изгледам вака и на мои години. Вежбам, придавам значење на исхраната и здравиот живот, одам во природа, сакам да шетам и тоа е нешто што ме држи во кондицијата што ми треба“ – открива актерката, а како што вели, прави се’ што е потребно за еден личноста да биде среќна и задоволна.
Таа на својот Инстаграм профил секојдневно објавува фотографии на кои многу често позира во разголени изданија и признава дека не и е грижа за негативните коментари.
View this post on Instagram
„Кога сум во џакузи, навистина сум среќна и го споделувам тоа, но во џакузи не можам да влезам во скафандер, туку во бикини. А тоа што многумина ова ги иритира и го коментараат, не ми е гајле, зашто ова задоволство никој не може да ми го забрани. Јас сум хедонист и ќе го правам тоа се додека мислам дека е пристојно“ – искрена е Даница.
Таа признава дека многу помлади колешки често ја прашуваат за совет.
„Многу често ме прашуваат и јас им давам совет и им кажувам што е всушност вистинскиот живот. Ја најдов мојата формула и мојот рецепт и така се однесувам и цел живот го правам тоа што ми се допаѓа“ – вели Даница и додава дека е многу задоволна што е модел и инспирација за многу млади девојки.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/danymaksi