Некогашната македонска водителка и сега фитнес инструкторка Снеже Велков е активна на социјалните мрежи, па речиси секојдневно објавува по нешто на Инстаграм.
На неа денот и започнува со физичка активност, или возење велосипед или пак тренинг. Токму и објавите од спортските активности се најчести на нејзиниот профил.
View this post on Instagram
И да врне и да вее, и бура да коси, Снеже Велков спортска облека носи….секако само додека вежба во раните утрински часови додека можеби некој уште го пие своето утринско кафе.
Снеже може да ја сретнете на повеќе локации во Скопје, или покрај кеј, во парк, во центарот на главниот град како вежба или вози велосипед и се тоа мотивирајќи, но и инспирирајќи ги другите кои можеби токму од денес ќе започнат со вежбање.
За некое физичките активности се добро утро, а крајниот резултат се згодно и затегнато тело на кое може многумина да и позавидат.
Но, фитнес инструкторката освен во спортска, има и друга варијанта, односно онака стокмена од глава до пети како права дама.
Имено, во кусите приказни на Инстаграм таа сподели видео на кое во првиот дел е облечена во хеланки и мајца и подготвена за тренирање, без шминка и препотена.
Потоа облечена во зелен комбинезон кој одлично и прилега на витката фигура, нашминка и дотерана за чиста 10ка.
„Прво избежбај, па дотерај се“, напиша таа покрај објавата.
Нема сомнеж дека Велков е и спортска и елегантна дама со стил.
фото: инстаграм/снеже велков