Во народот постои една изрека: „Не кому му е пишано, туку кому му е судено“, која очигледно важи и кога е естрадата во прашање.
Во одреден момент од својата кариера, многу пејачи одбиле песни кои им биле понудени, а кои подоцна станале големи хитови. Песната „Срце је моје виолина“ ја прослави кралицата на народната музика Лепа Лукиќ. Оваа песна и денес се слуша како и првиот ден, а малкумина знаат дека била наменета за друга пејачка.
Песната првично била напишана за нишката фолкерка Билјана Јевтиќ, но таа одбила да го сними овој хит. Подоцна песната и била понудена и на Весна Змијанац, која исто така категорички ја одбила. Сепак во третиот обид, песната стигнала на вистинската адреса, откако Лепа ја прифатила и ја снимила. Веднаш по објавувањето песната станува голем, мегахит.
Да потсетиме, ова не е единствениот ваков случај на естрадата, зашто на пример Нада Топчагиќ е една од пејачките кои одбиле најмногу песни кои подоцна станале големи хитови.
Фото: Инстаграм/lepa_lukic_official