На денешен ден 11 декември 2016 година на 73 годишна возраст, по кратко и тешко боледување почина кралицата на ромската музика Есма Реџепова-Теодосиевска.
Таа беше музички активна 55 години. Учествуваше на врвни музички фестивали и манифестации низ светот. Есма беше вистински музички амбасадор на Македонија во светот.
За време на својата 55-годишна кариера, Есма Реџепова-Теодосиевска има остварено повеќе од 12.000 солистички концерти во Република Македонија и надвор од неа.
Во дискографијата на Есма Реџепова-Теодосиевска се наведени 15 албуми за домашни и странски продуцентски куќи, а оствари соработка и со еминентни музички светски имиња.
Кралицата на ромската музика по две години, конечно доби и пристоен споменик на градските гробишта во Бутел. Споменикот го подигна Владата на РМ, откако нејзините наследници и внуци јавно се караа за гробното место.
Актуелната влада на државата на која и остави толку многу, конечено и направи споменик, но и го утнаа надгробниот натпис… епитафот!
Имено, посветата не е според правилата на правопис и граматика на Македонскиот литературен јазик, па на неа треба да стои: Споменикот го подигНа ВладаТА на РМ, а не подига Влада, како што е напишано сега. Арно ама… Од кого е – добро е!