Во полуфиналето на регионалното музичко шоу “Ѕвездите на Гранд” кое се одржа вчеравечер, настапија двајца македонски кандидати -Андријана Петрушовска од Скопје и Александар Јосифовски од Охрид.
Тие успеаја да обезбедат место во финалето на натпреварот и да се борат до победа заедно со уште 14 финалисти.
View this post on Instagram
Јосифовски пееше песна од Аки Рахимовски, додека Петрушовска ги изведе песните “Мелек” од Едита и “Црно и бело” од Калиопи.
View this post on Instagram
Скопјанката доби 7 гласа од жирито, вклучувајќи го и Саша Поповиќ, а по настапот менторот Ѓорѓе Давид изјави дека е презадоволен и дека ова е најдобриот нејзин настап, а истото важеше и за Александар чиј ментор е исто така Ѓорѓе.
Финалето вечер почнува во 21 часот, а победникот ќе го избере публиката со телевоутинг.
фото:Инстаграм/принтскрин јутјуб звезде гранда