Александра Пријовиќ се породи пред два месеци, а сега првпат излезе на прошетка со синот Александар.
Пејачката се фотографирала пред својата куќа на Бежаниска коса, па го искористи убавото време за да се прошета.
„Ексклизвна фотографија на Александра со бебето“ напиша во објавата на „Инстаграм“.
За потсетување, Александра и Филип се венчаа во јуни претходната година, а во март оваа година станаа за прв пат родители.
Неодамна, Александра беше гостинка во една емисија каде проговори за породувањето и колку Филип и помага.
Инаку, Пријовиќ најави дека во јули се враќа на музичката сцена и ќе го претстави својот нов албум.