Се попопуларното македонско дуо „Два бона“ имаат нова песна. Македонските рапери Марио Јелиќ – Кун и Антонио Стојановски – Тонито и овој пат ја продолжуваат започнатата пракса, да прават песни во дует со нивните помалку или повеќе познати колеги од кај нас и соседството.
Така, по соработките со нашите Слаткаристика, Таско, потоа со Елена Китиќ или Газда Паја (Србија), Криско (Бугарија)… на ред дојдоа и српските колеги на „2 бона“ – „ТХЦФ“ со кои македонските рапери заеднички ја снимија „Комиран“.
Музички – ништо ново, нешто што е досега неслушнато ниту пак поразлично од она што и досега го нудеа Кун и Тонито во нивните претходни песни. Едноставно, восталена позната шема на двојазичен монолог-дијалог помеѓу раперите од двете земји на тема како изгледа и до кои височини лета една балканска старлета!
Видото на Огнен Шапковски занаетски добро сработено, содржински издржано, каде визуелното го следи контекстот на лирикита на стиховите на уште една позната приказна…
Како што е позната и главната „хероина“ во видеото, атрактивната скопјанка Елеонора Миљковиќ која веќе „ја комираше“ балканската јавност со своето учество во реалното шоу „Задруга“.
Како и во споменатото ријалити и овде кај Нора во прв план се нејзините бујни атрибути и нескротливиот сексапил, кои предизвикувачки мамат да го погледнете спотот барем уште еднаш.
„Родена да блеска“ на нејзината моќ уште на прв поглед да ви го дигне… адреналинот, не останаа имуни ниту српските портали кои ја потенцираат нејзината улога во „Комиран“.
Иако ниту „2 Бона“, ниту нивниот менаџмент не се сетиле да ја потишат или да и го споменат името во портфолиото на екипата која го реализирала проектот, испишано под видето на Јутјуб.
За оваа песна музиаката ја напишале самите Кун и Тонито, аранжманот го потпишува Иван Јованов – Ивајо кој стопи и зад миксот и мастерингот на темата.
Како звучи и изгледа кога си “Комиран“ дознајте од „2 бона“ во продолжение: