Радио Милева

Душко Тошиќ се огласи по написите дека се разведува

Душко Тошиќ се огласи по написите дека се разведува

Деновиве главна тема во сите медиуми се експлицитните фотографии на Јелена Карлеуша.

Имено,  се појавија голи фотографии од Јелена која наводно ги праќала на босанскиот фудбалер Огнен Врањеш.

Исто така се појавија и пораки од допишувањата на парот.

Меѓутоа, Јелена ги демантираше сите овие написи потенцирајќи дека се фотомонтажа.

Од друга страна, српските медиуми вчераа пишуваа дека Душко побарал адвокат бидејќи сака да се разведе од Јелена.

Наводно тој се јавил на некој нов пријател да го ангажира најдобриот адвокат.

Меѓутоа, по овие пишувања Душко на „Инстаграм стори“ сподели заедничка фотографија со Карлеуша и така стави крај на шпекулациите дека се разведува.

И продукцијата на „Гранд“ каде што Јелена е дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“ застана на страна на Јелена, а како што пишуваат српските медиуми денешното снимање на ова музичко шоу е откажно бидејќи Јеца е во Кина и ќе се врати следната недела.

 

To top