Позната радио водителка и мајка на Јелена Карлеуша, почина во неделата во својот дом. Овие вести Јелена ги примила откако се врати од настап, не очекувајќи дека ќе ја дочека такво нешто.
И во оваа тешка ситуација, најголема поддршка на Јелена Карлеуша е нејзиниот сопруг, Душко Тошиќ кој денес пристигна од Кина за да биде покрај својата сопруга.
Тошиќ пристигнал во 11чи 30 минути во својата вила на Дедиње каде се наоѓа Јелена Карлеуша.
По веста за смртта на Дивна Карлеуша, Душко ги одложил сите обврски околу клубот и итно допатувал во Белград.
Од аеродром многу тажен се упатил кон сопствената куќа.
За потсетување, Дивна Карлеуша почина во недела околу 12ч, а во тоа време Јелена се упатила во авион за да се врати од странство во Белград.
Дивна Карлеуша почина по тешко боледување, а ќе биде погребена во утре во Белград.