Радио Милева
естрадна српска сапуница

Душко Тошиќ ја изневерувал Карлеуша со српската стралета Сораја: И ветил развод, па и купил дијамантска нараквица „Картие“ од 60.000 евра!? (ФОТО)

Душко Тошиќ  ја изневерувал Карлеуша со српската стралета Сораја: И ветил развод, па и купил дијамантска нараквица „Картие“ од 60.000 евра!? (ФОТО)

Сопругот на Јелена Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ, исто така ја наголемо ја изневерувал пејачката. Тој тајно се гледал со познатата српска старлета Сораја Сара Вучелиќ, пишува српски Курир! Толку бил обземен и маѓепсан од неа што наводно и купил „Картие“ нараквица обложена со дијаманти од 60.000 евра!

Тоа не било сè, Вучелиќ одела во Истанбул кај сопругот на Карлеуша додека тој играл за турскиот „Бешикташ“, а Душко ѝ ветувал дека ќе се разведе од Јелена и неа ќе ја претстави како неговата нова девојка.

Душко „одлепил“ по Сораја. Тој бил упорен и и’ пишувал секој ден, но Сораја првично била скептична. Таа не го знаешела добро, па затоа не била сигурна дека е сериозен кандидат и не сакаше да се впушта во посериозно во таква авантура. Сепак, Душко сторил сé за да ја (при)добие. Тој ѝ велел дека нема поубава и позгодна девојка од неа – пишува српски Курир, повикувајќи се на ним познат соговорник.

Душко ја сочекал на аеродромот и веднаш и поделил комплимент. И кажал дека изгледа многу подобро во природата отколку на фотографиите. Дека е убава, дури и поубава од моделите што парадираат на модните патеки. Сораја му се заблагодарила, но таа не му дала голема важност на она што ѝ го кажувал. Душко бил одличен домаќин. Тој ги извел Сораја и нејзините пријателки во најскапите ресторани и им го покажал градот. Бил многу срдечен – вели изворот.

Според него, по извесно време, Тошиќ повторно ја поканил Сораја да му се придружи во Истанбул и таа овојпат дошла сама.
Тогаш ја изненадил со нараквицата која вреди цело богатство. Таа не можела да поверува.

Душко се однесувал кон неа како кон принцеза. Ја запознал со неговите пријатели и некои соиграчи. И веле дека ќе се разведе од Јелена, а потоа ќе ја претстави Сораја како негова девојка. Ја чувал како малку вода на дланка и ја опсипувал со подароци, а нараквицата била најскапиот од сите што и ги купил. Иако бил џентламен кон неа, Сораја почнала да се лади пред Нова Година и престанала да го гледа. Тој продолжувал да ѝ пишува, повикувајќи ја да дојде во Кина, но таа досега не ја прифати поканата – тврди соговорникот.

Сораја набргу по најновата афера се огласила преку нејзиниот Инстаграм, коментирајаќи го наводниот скандал меѓу неа и сопругот на Јелена Карлеуша.

„Браво, ставете ме во уште некоја афера… Јас навистина не знам каде е крајот“ – напишала  Вучелиќ во пораката на нејзините Инстаграм приказни.

Останати вести од Радио Милева