Од претходната година, откако во медиумите се појавија вести дека Јелена Карлеуша го изневерувала Душко Тошиќ со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, бракот на пејачката постојано е во криза.
Имено, во медиумите многу често се пласираа вести дека парот наводно се разведува, дека Душко ја оставил Карлеуша….
Меѓутоа, како пишува магазинот „Стар“, Душко имал искрен разговор со неговата сопурга.
Пред да замине во Дубаи, Тошиќ и рекол на Карлеуша дека ги сложил сите коцки во глава и дека таа е единствена жена со која сака да остане до крајот на животот.
„Низ се што поминавме и твоето однесување во најтешките моменти придонесе да ги променам ставовите. Не сакам да се разведеме, извини ако моите зборови или дела те повредија. Не знаев како да реагирам на се што се пишуваше, ниту на кого да верувам. Сега ми е јасно дека луѓето сакале да работат против нас. И ти мене ми прости многу работи и беше покрај мене кога ми беше најтешко. Сфатив дека сакам да бидем со тебе и со нашите ќерки, да бидеме семејство и кога ни е тешко, и кога ни е убаво. Целиот имот ќе го препишам на нашите ќерки за да сфатиш дека сум сериозен. Ако ти треба време да размислиш, може да живееме оделно кога сум во Белград“ вели извор за „Старс“, а Јелена била изненадена од неговите емоции.
„Многу ја погодија зборовите на Душко, но остана силна, не сакаше да заплаче пред него. По годишнината на Дивна, тој ја покани да дојде во Дубаи заедно со ќерките, но таа му одговори да почека за да може да размисли. Јелена со текот на време веруваше дека нема да го спаси бракот, но беше изненадена од оваа одлука на Душко“ вели изворот.
Исто така, Душко и предложил на Јелена на 28 јуни кога се полнат 12 години од нивниот брак да ги обноват заветите на некоја егзотична дестинација и тоа пред нивните ќерки Ника и Атина.