По големиот скандал во кој се најде Јелена Карлуеша, нејзиниот сопруг Душко Тошиќ и босанскиот фудбалер Огнен Врањеш, медиумите пишуваа дека наводно се разведуваат.
Меѓутоа, написите за разводот Јелена ги демантираше со заедничка фотографија на социјалните мрежи.
Од друга страна, вестите за порно скандалот на пејачката продолужуваат. Наводно, Душко и поставил на Јелена дека доколку сакаат да го спасат бракот да се пресели во Кина.
„Јелена му објаснуваше на Душко дека се тоа е наместено, дека зад тоа стојат група на луѓе кои сакат да и ја уништат кариерата. Со денови плачеше, но плачеше и Душко. Прво, му беше тешко затоа што неговите деца мора да поминуваат низ тоа и затоа што нивното детство е загрозено.Но, по неколку часовен разговор кога си кажаа што им пречи, сфатија дека се сакаат и дека скаат да бидат заедно“ вели добро известен извор и додава дека Душко и поставил услов на Јелена:
„Душко верува дека единствен начин за да го спас нивниот брак е да се преселат во Кина. Тој и предложи да направи куќа. Душко е убеден дека тоа ќе помогне на нивниот брак и дека ќе бидат вистинско семејство“ додава изворот.
Со оглед на тоа што Карлеуша со години гради кариера во Србија и регионот, не и било лесно да донесе таква одлука.
„Душко и кажа да размисли за предлогот. Свесен е дека и е важна нејзината кариара, па поради тоа не сакаше да живее со неа во странство. Тој и кажа да направи листа за и против и до летото да се одлучи. Дотогаш девојчињата ќе завршат со училиште во Белград, па ќе можат да се преселат“ тврди изворот.
Дали ова навистина е точно останува да видиме.