По порно аферата на Јелена Карлеуша со босанскиот фудбалер, пејачката нема да може да смета на милиони кои ги заработува нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, пренесуваат српските портали.
Доколку дојде до развод, пејачката ќе мора сама да се бори за богатство.
Според пишувањата, Тошиќ оваа одлука и ја соопштил на Карлеуша во телефонски разговор поради кој пејачката доживеала нервен слом.
„Некој го посоветува Душко да не биде наивен, да и дава пари за потребите на девојчињата. Поради борбата за старателството и поделбата на имотот, разводот ќе биде долг процес, па подобро и е на Јелена да го прифати овој услов. Поточно, ќе остане со неа во брак, но нема да и дава пари за нејзините потреби. Сега Јелена треба да одлучи дали ќе го прифати ултиматимуот“ тврди добро известен извор и додава дека пејачката оваа одлука на Душко ја дознала на пробата на МАС.
„Медиумите пишуваа дека Карлеуша имала кавга за време на пробата на МАС што е точно бидејќи во тој момент и се јави Душко и ја кажа одлуката. Таа му викаше: „Не можеш тоа да ми го направиш, дали си нормален?“, тврди изворот.
Дека разводот ќе биде комплициран, за „Курир“ потврди и адвокатот Небојша Перовиќ.
„Доколку се разведат со спогодба, ќе мора да го поделат имотот, на кого ќе припаднат децата и висината на елиментација. Меѓутоа, доколку нема спогодба работите се решаваат со две судски постапки. Висината за алиментацијата на децата зависи од тоа кои се потребите ,училиштето, исхраната, а не зависи од имотната состојба на родителите “ вели адвокатот.
Доколку Јелена го прифати условот на Душко тоа не значи дека нема да има пари бидејќи и таа заработува доволно. Цената на нејзин настап во Србија почнува од 14 000 евра, а на настап во странство 25 000евра.